Приведен кумановец баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен жител на кумановското село Сопот бил приведен утринава откако за него имало распишана потерница.

Loading...

– Денеска (02.05.2023) во 10.30 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Х.Х.(22) од с.Сопот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен суд Куманово за издржување на затворска казна од девет месеци за сторено кривично дело по член 383 став 2 од Кривичниот законик.

– Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, стои во соопштението.

Никола Ивановски