Приведен крадец од Куманово, одземеното вратено на сопственикот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека украл повеќе предмети од деловен објект.

Loading...

– На 10.07.2023 во 13.40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(25) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој се сомничи дека од деловен објект на ул.„Климент Охридски“ во Куманово одзел повеќе предмети.

Одземените предмети, велат од полицијата, биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Никола Ивановски