Приватизацијата на јавните претпријатија во Куманово ќе биде на штета на граѓаните, оценува Левица

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на најавеното јавно-приватно партнерство, односно давање под концесија на јавното осветлување во општината на приватен „инвеститор“ од страна на „Куманово паркинг“, како и најавите за можна приватна докапитализација на ЈП „Куманово-гас“, со реакција се јави локалниот огранок на Левица од Куманово, од каде истакнуваат дека се чувствуваат должни да ги информираат граѓаните за штетноста на овие постапки по долгорочното добро на општината и самите граѓани.

Loading...

Од таму додаваат дека јавните служби се вршат врз основа на јавен интерес, а не профитабилност. Бараат општината и јавните претпријатија во градот да се професионализираат и департизираат за да станат поефикасни во работењето и да ги намалат загубите.

– Приватните инвеститори имаат единствена цел, а тоа е остварување на профит, што значи дека квалитетот на услугите, колку и да е лош сега, или ќе биде уште послаб или цената која ќе ја плаќаат кумановци ќе биде многу повисока. Штетноста од приватизацијата т.е. докапитализацијата е уште поголема во однос на ЈП Куманово-гас, кое со народните пари ги изгради примарната и голем дел од секундарната, дистрибутивна мрежа, и кое претпријатие по природа на нештата е монопол. Најавената негова „докапитализација“ (читај приватизација или давање под концесија) ќе претставува всушност давање на подарок на приватниот инвеститор, кој со мала инвестиција ќе го „собере кајмакот“ од веќе завршената инвестиција која ја платиле граѓаните на Куманово. Власта, секако, ги правда ваквите идеи со аргументација дека јавните претпријатија се неефикасни, работат со загуба и се презадолжени, исто како што е и самата општина, а дека приватните компании се поефикасни во менаџирањето, велат од Левица Куманово.

И покрај недостигот на пари за јавни служби, како што велат од партијата, општината секоја година има нови вработувања, кои се на товар на граѓаните.

Leave a Reply