Природна детоксикација: Ако имате проблем со акни и мозолчиња, вклучете ги овие намирници во исхраната

Сподели со своите пријатели

За да биде цврста, сјајна и здрава, на кожата и е потребна енергија, како и хранливи материи како што се здрави масти, пробиотици, витамини А, Б, Ц и Е. Покрај тоа, важно е да се исклучат индустриски преработената храна од исхраната, а во случаи на проблематична кожа, често исклучувањето на млечни производи и глутен дава многу успешни резултати. Рафинираната храна може да предизвика разни воспаленија, дигестивни проблеми и хормонална нерамнотежа, што на крајот може да влијае на здравјето и изгледот на кожата.

Loading...

Храна за детоксикација на кожата

Недостатокот на пробиотици може да го забави варењето, и да го наруши цревниот микробиом – односно може да предизвика нерамнотежа на добри бактерии во цревата, а воспалените црева може да предизвикаат воспаление на кожата. Првиот чекор во детоксикација и заздравување на кожата е заздравувањето на цревата. Затоа се трудите во исхраната да вклучите што повеќе намирници кои природно содржат пробиотици, кои влијаат на развојот на добрите бактерии во цревата, како што се мисо, кисела зелка, кисели краставички и многу други ферментирани намирници.

Зелен лиснат зеленчук

Зелениот лиснат зеленчук како зелената салата, спанаќот, кељот, блитвата и многу други видови содржат големи количини на различни антиоксиданси кои позитивно влијаат на здравјето и изгледот на кожата. Тие се богати со витамин Ц, кој влијае на производството на колаген, потоа му обезбедуваат на телото витамин А, кој ја хидрира кожата, а содржи и витамин Е, кој помага во борбата против воспалението на кожата. Оваа храна ја поттикнува природната детоксикација на организмот, а со тоа влијае и на детоксикација на кожата.

 

 

Loading...

Цвекло

Цвеклото е богато со витамини Б3, Б6, Ц и бета-каротин, кои можат да го започнат природниот процес на детоксикација. Тие го зајакнуваат функционирањето на црниот дроб и жолчното кесе, кои се од големо значење кога станува збор за отстранување на токсините од нашиот систем. Богат е и со влакна, кои го помагаат варењето. Сето ова влијае на изгледот и здравјето на кожата.

Куркума

Овој зачин има многу лековити својства бидејќи содржи многу хранливи материи, антиоксиданси, антиинфламаторни соединенија и фитонутриенти кои се одлични во борбата против разни воспаленија, а ги поттикнуваат и природните процеси на детоксикација во организмот. Куркумата можете да ја користите при готвење во разни јадења, но за правење пијалоци.

 

 

 Зелен чај

Loading...

Конзумирањето зелен чај е дел од некои култури во Источна Азија, а Јапонките со векови се особено свесни за неговите придобивки за нега на кожата. Имено, зелениот чај го успорува оштетувањето на ДНК, го ублажува воспалението, а благодарение на катехините полифеноли и обезбедува заштита на кожата од штетното дејство на сончевите зраци.

Има причина зошто зелениот чај се наоѓа во многу козметички производи – кога се нанесува на кожата, дава моментални смирувачки ефекти, но и долгорочно влијае на убавиот изглед на кожата.

Мрсна риба

Рибата има бројни здравствени придобивки и има исклучително позитивно влијание врз целокупното здравје на организмот. Особено масните риби, како дивиот лосос, сардината и скушата, на организмот му обезбедуваат есенцијални протеини и аминокиселини, кои се наоѓаат во составот на кожата и ја прават силна.

 

 

 

Loading...

Покрај тоа, тие се богати со селен и омега 3 масни киселини, кои влијаат на хидратацијата на кожата и го ублажуваат нерамномерниот тон на кожата.