Приколка од трактор се запалила во Куманово, па опожарила нива

Сподели со своите пријатели

Приколка од трактор во движење се запалила вчера во кумановско, а од огнот била зафатена и нива во близина на патот, информираат денеска од кумановската полиција.

Loading...

– На 30.06.2021 година во 11.30 часот било пријавено дека настанал пожар во приколка прикачена на трактор кој бил во движење во атар на село Никуљане кај м.в. „Шуме”, Општина Старо Нагоричане, кој зафатил нива во близина на патот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица – Куманово, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply