Преживеал пад на авион! 72 дена чекал спас, за да избегне смрт мораше да направи нешто ужасно!

Сподели со своите пријатели

Човекот, кој преживеал авионска несреќа и прибегнал кон канибализам за да остане жив, се присетил на менталните превирања со кои се соочувал додека се обидувал да ги јаде телата на неговите пријатели.

Loading...

Хозе Луис Коче Инкиарте од Уругвај бил едно од 16-те лица кои успеале да избегаат од смртта кога се урнал авион на Андите, меѓу Чиле и Аргентина, на 13 октомври 1972 година.

Бил спасен 72 дена подоцна откако преживеаните д-р Роберто Канеза, Нандо Парадо и Антонио Визинт пешачеле 10 дена да најдат помош.

Сепак, некои од преживеаните кои останале на местото на несреќата биле принудени да јадат трупови на мртвите пријатели за да останат живи, пренесува Дејли меил.

 

 

Меѓу нив бил и Коче кој рече дека морал да „вложи напор за енергија и ум“ за да може да јаде месо од неговите пријатели, рече тој во емисијата „This Morning today“.

Loading...

– Јас го живеам својот живот како што го замислував во тие денови, и кога имам проблеми, мислам на Андите и се чини дека проблемот е многу мал во споредба со другите, така ми помага, но не е дел од мојот живот – рече тој.

Коче бил еден од 45-те патници на летот 571 на уругвајската авијација кога удрил во магливиот планински масив за време на летот од Сантијаго до Монтевидео.

Во падот загинале 12 мажи веднаш, уште петмина неколку часа подоцна, а еден човек починал една недела подоцна.

Како оваа трагедија да не е доволна, преживеаните се соочиле со лавина на 17-ти ден, во која загинаа уште осум патници.

 

 

Преживеаните имале многу малку храна и биле без греење во тешки услови на надморска височина од 3.600 метри.

Loading...

Соочени со глад и радио вест дека потрагата по нив е запрена, преживеаните се хранеле со мртвите патници спасени во снегот.

– Немаше друга опција ако сакате да останете живи. Имавме состанок и разговаравме дали да го сториме тоа или не. Ако не, тоа значеше дека ќе умреме, затоа сите решиле да јадат – рече Коже.

Групата се спасила кога тројца мажи по 10 дена пешачење налетале на чилеанскиот одгледувач на добиток Серхио Каталон, кој им дал храна, а потоа ги алармирал властите.

Страшната приказна на Коче беше раскажана и во филмот „Alive“ во 1993 година.

– Некои работи се измислени, некои се вистинити – рече Коче.

Leave a Reply