Презентација на извештај за правата на бегалците и мигрантите во С Македонија

Сподели со своите пријатели

НВО Легис денеска ќе го презентира шестмесечниот извештај од „Набљудување на пристапот  до човекови права за бегалци и мигранти во Република Северна Македонија“.

Loading...

Извештајот е работен согласно методологија на Легис, со собирање на податоци од терен и постојано физичко присуство во двата погранични кама – Винојуг, Гевгелија на јужната и Табановце, Куманово на северната граница, како и повреди на човекови права и слободи, услови и третман во време на пандемија од вирусот КОВИД-19 и други информации. Периодот на известување и анализа на собраните податоци е од месец јуни заклучно ноември 2020 година. 

Активностите поврзани со набљудување на пристап до човекови права за бегалци и мигранти во известувачкиот период беа поддржани од програмата за мали грантови на Цивика Мобилитас.

Извештајот ќе биде презентиран онлајн преку платформата Зум

Сашо Арсовски

Leave a Reply