Претседателот Пендаровски ќе се обрати до нацијата

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска во 14 часот ќе има јавно обраќање до јавноста по случувањата во Брисел, каде на Европскиот совет шефовите на држави и влади не постигнаа согласност за давање датум за старт на преговорите за членство во ЕУ на Македонија и Албанија.

Loading...

-Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде емитувано во живо на Националната радио телевизија, на македонски јазик на првиот програмски сервис, како и на вториот програмски сервис, на албански јазик. Обраќањето на Претседателот ќе биде толкувано и на знаковен јазик, информираат од прес службата на претседателот.

Неофицијално, како што јавуваат националните медиуми, Пендаровски ќе свика лидерска средба в недела на која ќе бидат поканети сите претседатели на партиите од македонски и албански блок.

Премиерот Заев во меѓувреме се врати од Брисел и свика итен состанок со министрите.

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски својот став ќе го изнесе во текот на денот преку прес-конференција.

Leave a Reply