Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниoт амбасадор на Јапонија

Сподели со своите пријатели

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Хиронори Савада.

Loading...

На свечената церемонија на предавање на акредитиви, како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски изразил подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Јапонија и искажал надеж за продлабочување на севкупната соработка.

-Искрено се надевам дека за време на вашата претстојна дипломатска мисија натамошно ќе се продлабочува македонско-јапонското пријателство, особено преку интензивирање на економските односи и отворање нови можности за привлекување јапонски инвестиции во Република Северна Македонија. Отворени сме за соработка и во сите останати домени – културата, образованието, науката и технологијата, истакнал Пендаровски во обраќањето.

Претседателот изразил благодарност до јапонската Влада за постојаната поддршка преку реализицијата на голем број проекти во повеќе сектори во нашето општество, инфраструктурни проекти, здравствениот и образовниот сектор, како и помошта добиена за справување со пандемијата на КОВИД-19.

Амбасадорот Савада посочил дека Јапонија високо ги цени напорите на Република Северна Македонија за стабилност и просперитет во регионот и изразил решителност за јакнење на меѓусебната соработка и унапредување на пријателството на билатерален и мултилатерален план.

На новоименуванот амбасадор претседателот Пендаровски му посакал успех во вршењето на одговорната дипломатска функција и изразил очекување дека ќе даде придонес за подинамичен развој на меѓусебните односи, за што искажа целосна поддршка, помош и соработка.

Славица Стефановска

Leave a Reply