Претрес во Куманово, пронајден кокаин, приведено едно лице

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата во неговиот дом биле пронајдени кокаин и дигитална вага.

Loading...

– На 12.04.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(53) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при преглед кај него, на улицата „Циглана Вардар“ во Куманово, бил пронајден кокаин, додека при претрес во неговиот дом, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и, како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски