Препишувањето на испити доби сосема нова димензија

Сподели со своите пријатели

Како во Ховортс, студенти по право во Велика Британија дошле до „невидливо мастило“ кое се гледа само под УВ лампи и со помош на него препишувале на испити.

Врз наизглед празните листови со невидливи мастила биле испишани лекции, но некои од студентите неодамна биле фатени. Не се знае колку генерации се служеле со овој трик за да ги положат испитите.

Ако сакате да студирате на Оксфорд, еве ги прашањата од приемниот испит

Loading...

Според официјалната статистика во Велика Британија, минатата година биле забележани 66 случаи на плагијати, препишувања и слични академски недела, а студентите стануваат се покреативни во нивното спроведување.

На интернет невидливите мастила може да се купат по цена едвај поголема од две евра, а често се означени во категоријата за детски играчки. Направенис е од фосфор, кој свети кога е изложен на ултравиолетова светлина.

ЧЕКОРЕЛ НИЗ ЦЕВКИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА: Студент крадел тестови за испит

Досега мастилото било користено и во комуникација помеѓу банди, па дури и еден од членовите на Ал каеда бил уапсен откако криумчарил пораки испишани со мастилото.