Премиерот Ковачевски денеска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска, по повод одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание, под мотото „Непокор и слобода“, ќе се обрати на централниот настан кој ќе се одржи на Спомен-костурницата во Куманово.

Loading...

Централниот настан ќе започне во 10:00 часот со положување свежо цвеќе пред Спомен – костурницата. Владината делегација ја предводи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата се Артан Груби, Прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура и Азир Алиу, министер за информатичко општество.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излесноста до 11 часот во Старо Нагоричане?

Настанот продолжува со обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и со културно – уметничка програма на платото пред Спомен – костурницата.