Прекршувањето на санкциите е кривично дело во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Европскиот совет ја усвои одлуката кршењето на санкциите да се вметне на листата на кривични дела во ЕУ.

Loading...

„Советот денеска едногласно ја усвои одлуката за додавање на прекршувањето на рестриктивните мерки на листата на „кривични дела во ЕУ“, вклучително и во Договорот за функционирање на ЕУ“, се наведува во соопштението.

Советот додава дека се очекува Европската комисија „да претстави предлог за директива која ќе содржи минимални правила во однос на дефинирањето на кривичните дела и казни за прекршување на рестриктивните мерки на ЕУ“.