Предавање на копии на акредитивни писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија Хиронори Савада

Сподели со своите пријатели

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. Хиронори Савада.

Loading...

Посакувајќи му на амбасадорот Савада срдечно добредојде и успешна дипломатска мисија во Република Северна Македонија, министерот Османи  изрази уверување дека и во претстојниот период двете страни  посветено ќе работат на  натамошно продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји и интензивирање на соработката во сите сфери од заемен интерес, стои во соопштението на МНР.  

Османи изразил благодарност до јапонската Влада за континуираната и несебична поддршка што Јапонија и ја пружа на нашата земја преку реализација на голем број на проекти и техничка помош.

Амбасадорот Савада, заблагодарувајќи се на топлиот прием, истакна дека Јапонија високо го цени придонесот на Република Северна Македонија кон стабилноста и просперитетот на целиот регион и останува посветена на натамошниот развој на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство, меѓусебната доверба и остварените постигнувања во повеќе области, додава МНР. 

Неда Димова-Прокиќ

Leave a Reply