Пратеникот Костовски ке ги вози кумановци до Скопје со сопствен автомобил и тоа бесплатно

Сподели со своите пријатели

Мартин Костовски пратеник од редовите на СДСМ ги повика кумановци да патуваат со него.

Loading...

Тој живее во Куманово и секој ден за да стигне на работа во Собранието патува со својот автомобил, па нагласи сека секој што сака да стигне до Скопје ќе може да се вози со него и тоа бесплатно.

Тој на својот фејсбук профил напиша дека е време да покажеме свој личен пример и дека се на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот.

Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест, а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин”.

Мал гест, ама искрен и од срце, напиша Костовски на фејсбук.

Leave a Reply