Познато кога ќе биде крунисан Чалс Трети

Сподели со своите пријатели

Свечената церемонија на крунисувањето на британскиот крал Чарлс III ќе се одржи во Вестминстерската опатија во Лондон на 6 мај 2023 година.

Loading...

Палатата соопшти дека ќе ги задржи „основните елементи“ на традиционалната церемонија „препознавајќи го духот на нашето време“.

„Крунисувањето ќе ја одразува моменталната улога на монархот и ќе гледа кон иднината, но ќе се потпира на долгогодишната традиција“, се вели во соопштението за печатот на палатата, пренесе Танјуг.

Кралевите и кралиците на Англија, а подоцна и на Велика Британија, се крунисани во Вестминстерската опатија уште од Вилијам Освојувачот во 1066 година.

Чарлс III е 41-от монарх кој потекнува од Вилијам и ќе биде најстариот монарх што ќе биде крунисан.

Неговата мајка, која почина на 96-годишна возраст, е рекордер во Британија за најдолго владеење.

Британските медиуми објавија дека Чарлс е за поскромна церемонија на крунисување, имајќи ја предвид економската криза со која сега се соочува земјата.