Познатите хакери Анонимуси ги хакирале руски камери и емитувале во живо

Сподели со своите пријатели

Им порачуваат на Русите дека цел свет ќе им помогне доколку решат да се борат со диктаторот

Loading...

Анонимуси упаднаа и во надзорните камери на семејните куќи, па цел свет можеше да погледне во домовите на руските цивили, но подоцна се предомислија и решија да го отстранат пристапот до овие камери за да ја заштитат приватноста на луѓето.

На страницата што ја формираа за таа цел, нарекувајќи ја „Зад непријателските линии – во живо“, тие ја опишаа нивната цел да ја запознаат руската нација за тоа што се случува во Украина и да им кажат дека државната пропаганда им го пере мозокот.

 

 

Речиси 150 милиони Руси не ја знаат вистината за причините и текот на војната во Украина. Нив ги храни пропагандата од Кремљ. Во Русија нема слободни медиуми, а интернетот е цензуриран.

– Имаме можност да се обидеме да пренесеме директна порака до луѓето во поробената земја – ги објаснуваат Анонимуси причините за лансирањето на страницата.

Loading...

Им порачуваат на Русите дека цел свет ќе им помогне доколку решат да се борат со диктаторот.