Познати деталите за средбата меѓу Макрон и Путин

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон ќе одржат средба денеска во 15 часот, а Кремљ неколку часа претходно соопшти за што треба да разговараат лидерите на четвртиот состанок за само неколку недели.

Loading...

Првиот човек на Франција, освен што денеска ќе се сретне со Владимир Путин во Москва, утре ќе отпатува за Украина, каде треба да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Во пресрет на средбата со Путин, Кремљ соопшти дека лидерите ќе одржат разговор зад затворени врати, по што средбата треба да продолжи за време на работниот ручек.

– Апсолутно ќе доминира темата за тензиите во Европа и ситуацијата околу Украина. Ќе разговараме за безбедносните гаранции на Русија и за се што е поврзано со главните проблеми на оваа тема – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето дали тема на разговорите на двајцата лидери ќе биде прашањето за Северен тек 2, Песков одговори дека таа тема сѐ уште не е ставена на дневен ред.

Портпаролот на Кремљ потсети и дека на средбата меѓу двајцата лидери претходеле неколку телефонски разговори, поради што се очекува денешната тет-а-тет средба да опфати долга дискусија, и од аспект на време и од содржина.

– Емануел Макрон ја предводи земјата која претседава со Европската унија. Знаеме и дека тој доаѓа во Москва со одредени идеи за да најде опции за смирување на тензиите во Европа – објасни Песков.

Иако многумина очекуваат дека средбата меѓу Макрон и Путин би можела на некој начин да ги релаксира односите меѓу Западот и Русија, Песков истакнува дека е тешко да се очекуваат значителни промени со оглед на сложеноста на целиот проблем во односите.

Loading...