Пожар во Грција предизвика експлозии во магацин за муниција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шумски пожар во Грција, кој го прошири силен ветер, вчера предизвика серија големи експлозии во складиште за муниција на воздухопловните сили во централниот дел на земјата.

Loading...

Во Грција во моментов горат неколку пожари.

Во магацинот на воздухопловната база Неа Анхиалос, кој беше евакуиран пред експлозиите, нема повредени, а доцна вечерта пожарот повеќе не беше активен.

Грчкото воздухопловство соопшти дека борбените авиони Ф-16 од блиската база биле префрлени во друг објект како мерка на претпазливост, но дека базата не е под директна закана, пишува АП.

 

 

 

Loading...

Експлозиите ги искршиле прозорците на куќите во околината

Пожарите беснеат во делови на Грција за време на три последователни топлотни бранови на Медитеранот во изминатите две недели, при што загинаа пет лица, меѓу кои и двајца пилоти за гасење пожари.

Исто така, поради пожарот, за време на викендот имаше голема евакуација на туристи на островот Родос.

Од големите експлозии во складиштето за муниција беа искршени прозорците на куќите во околината.

Грчката противпожарна служба соопшти дека нема сериозни повреди во околните села, кои исто така се евакуирани како мерка на претпазливост.

Портпаролот на противпожарната служба Јоанис Артопиос изјави дека е наредена евакуација на 12 села во областа Волос-Неа Анхиалос.

„И покрај нивните натчовечки напори, нашите сили не успеаја да го запрат пожарот“, рече тој.

Артопиос рече дека пожарот во областа Волос е најопасниот од 124-те шумски пожари со кои требаше да се справат пожарникарите вчера.

 

Loading...

 

Евакуација на луѓе

Пожарот гореше на три фронта и принуди дел од најфреквентниот автопат во Грција да биде затворен неколку часа.

Државната телевизија ЕРТ прикажа како жителите и посетителите во крајбрежното село Анкиалос, на околу 4 километри од местото на експлозијата, се евакуираат по море, додека други заминуваат со автомобили и автобуси.

Крајбрежната стража соопшти дека повеќе од сто жители биле пренесени во градот Волос со мали приватни чамци.

Воздухопловната база Неа Анхиалос е на приближно 20 километри од градот каде што можеа да се слушнат силни експлозии.

Пожарот што избувна вчера во Кифисија, северно од Атина, брзо е изгаснат.

Грчките пожарникари 10 дена по ред се борат со пожарот на Родос, каде пожарот сега е претежно под контрола.

Loading...

Избувнување на пожар е регистрирано на островот Евија.