Повторно одложена седницата на СБ на ОН; Причината е американското вето

Сподели со своите пријатели

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која требаше да се гласа за нацрт-резолуцијата за прекин на борбите во Газа, повторно е одложена.

Loading...

Причината за одложувањето, овој пат, е да се избегне американското вето, пренесува Ројтерс.

Нацрт-резолуцијата предложена од Обединетите Арапски Емирати повикува на „итен прекин на непријателствата“ за да се овозможи безбеден и непречен пристап за хуманитарна помош до Појасот Газа.

Дополнително, се наведува „длабока загриженост поради страшната хуманитарна ситуација во Газа која брзо се влошува“ и „несразмерното влијание“ што конфликтот го има врз жените и децата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок ги тужеше САД поради законот што би можел да ја забрани платформата

Од генералниот секретар на ОН се бара да воспостави механизам за следење и забрзување на сите пратки на хуманитарна помош.

Нацрт-резолуцијата, исто така, бара „итно и безусловно“ ослободување на сите заложници и „најостро ги осудува“ сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право, вклучително и неселективни напади врз цивили „и сите акти на тероризам“.

Во него се нагласува „непоколебливата посветеност на Советот за безбедност на решението за две држави“ и се нагласува важноста на обединувањето на Западниот Брег и Појасот Газа под контрола на палестинските власти.

Гласањето за нацрт-резолуцијата требаше да се одржи во понеделник, но беше одложено откако американскиот претставник во ОН рече дека САД не можат да го поддржат повикот за прекин на огнот, но можат да прифатат привремен прекин на огнот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок ги тужеше САД поради законот што би можел да ја забрани платформата