Повеќето Унгарци поддржуваат итен прекин на огнот во Украина

Сподели со своите пријатели

Огромното мнозинство Унгарци се согласуваат со повиците за итен прекин на огнот во Украина, се вели во заклучоците од истражувањето на Институтот Незопонт објавено денеска.

Loading...

Според извештаите, 75 отсто од Унгарците ги поддржуваат повиците за итен прекин на огнот, додека само 15 отсто од испитаниците не се согласуваат со потребата од прекин на огнот, пренесува агенцијата МТИ.

Се додава дека поддршката за итен прекин на огнот е нешто висока кај возрасните групи 18-39 (73 проценти), 40-59 (77 проценти), како и кај оние над 60 години (76 проценти).

Кога станува збор за политичката припадност, во истражувањето се наведува дека 91 отсто од провладините гласачи се согласуваат со ставот на владата дека завојуваните страни треба да започнат преговори и да постигнат мирно решение.

Во исто време, 58 отсто од левичарските гласачи се согласуваат со повикот за итен прекин на огнот, додека 30 отсто од нив не се согласуваат.

Институтот Незопонт спроведе телефонска анкета во периодот од 12 до 14 јуни, на репрезентативен примерок од 1.000 луѓе, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.