Постои можност Путин наскоро да ја посети Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Постои можност рускиот претседател Владимир Путин наскоро да ја посети Северна Кореја, рече Песков.

Loading...

Путин доби покана да го посети Пјонгјанг, потсетува портпаролот на Кремљ, наведувајќи дека датумот ќе биде договорен по дипломатски канали.

„Повеќе детали за посетата на Путин ќе бидат достапни по утрешната средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот севернокорејски колега Чои Сон Хи“, нагласи тој.

Коментирајќи ја официјална посета на севернокорејскиот министер за надворешни работи на Русија, Песков изјави дека Северна Кореја е партнер со кој Русија ги развива односите во сите области.

Средбата, како што вели Песков, се одвива врз основа на договорот меѓу Ким Џонг Ун и Путин, воспоставен на космодромот Васточни.

Дијалогот продолжува на сите нивоа, утрешната посета ќе биде значајна и плодна, заклучи Песков, пренесува РТ Балкан.