Поставени нови столпчиња на дел од тротоарите во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Нови столпчиња се поставени на тротоарите на улицата „Пиринска“ во Куманово.

Loading...

Станува збор за улицата покрај тениските терени кај Спортската сала и паркот пред комплексот базени.

 

 

Столпчињата треба да го оневозможат непрописното паркирање на тротоарите, кои се наменети за пешаците, а претходно вакви столпчиња беа поставени и на неколку други локации во градот, меѓу кои и целиот булевар „Октомвриска револуција“.

Вакви столпчиња во иднина треба да се постават и на булеварот „Трета МУБ“.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply