Последните фотографии од единствениот бел носорог: Човек го теши додека тој умира (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Последниот мажјак во светот на северните бели носорози угина во понеделник по еутаназија која му ја дале поради болест на мускулите и коските.

 

Loading...

 

Судан во 2009. година е доведен во Кенија и сместен во резерват со уште три бели носорози во надеж дека ќе се размножат, но тоа не се случило, пишува Дејли Мејл.

 

 

Белиот носорог Судан (45) пател од дегенеративни мускули и коски кои биле поврзани со годините, а кога работниците од резерватот забележале дека повеќе не може да стане, решиле да му ги скратат маките.

 

Loading...

 

Тој во понеделник е еутанизиран, а фотографиите од неговите последни моменти се повеќе од жални. Со него бил еден од работниците во резерватт кој го теши.

Судан беше последниот мажјак од видот северни бели носорози, а зад себе остава само две живи женки, мајка и ќерка.

 

 

Научниците сочувале негов генетички материјал и се надеваат дека ќе развијат IVF техника за зачувување на видот.

Leave a Reply