ПОРАКА ОД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Преведувачот на Гугл го предвидува крајот на светот?

Сподели со своите пријатели

Маорскиот (te reo Māori) е полинезиски јазик и мајчин јазик на староседелското население на Нов Зеланд – Маорите. Јазикот е еден од трите официјални јазика во државата, прогласен како таков во 1987 година. Маорскиот е дел од групата на источнополинезиски јазици и е сроден со куковоостровскиот маорски, туамотскиот и тахитскиот јазик.

Според истражувањето од 2001 година, бројот на возрасни луѓето кои течно го зборуваат јазикот се движи на околу 9% од вкупното маорско население, илиу 29.000 возрасни лица.

Oд вкупно 4 милиони жители на Нов Зеланд, само околу 1,000,000 од нив се од полинезиско потекло. Од нив пак, само околу 15% умеат да го зборуваат Маорскиот јазик на нивните предци. Овој јазик ги има следните слични проблеми како и ирскиот келтски јазик:

  • во последниов век се претворил во малцински јазик иако бил главен пред тоа

  • се зборува во островска држава со мал број на жители

  • англискиот јазик сѐ повеќе е застапен во секојдневниот живот

  • се смета дека овој јазик изумира

Споредбената лингвистика го класифицира маорскиот јазик како полинезиски јазик, поточно дел од подгрупата на тахитски јазици од групата на источнополинезиски јазици. Во оваа група на источнополинезиски јазици се и тахитскиот, раротонганскиот, хавајскиот и рапанујскиот, меѓу другите.

Маорските говорници веруваат дека јазиците од Куковите Острови, меѓу кои и раротонганскиот, се најлесните за нив полинезиски јазици во поглед на разбирање и говорење.

Pages: 1 2

Leave a Reply