Поради тешка кражба, приведен 25-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен вчера наутро под сомнение дека сторил тешка кражба.

Loading...

– На 19.10.2021 во 09.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово,  го лишиле од слобода Е.Р.(25)  од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 236 став 1  од Кривичниот законик – „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски