Поради страв од Коронавирус пар организираше бизарна свадба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младата двојка во Сингапур Јосеф Јев и Канг Тинг се вратиле од патувањето низ Кина неколку дена пред свадбата, при што гостите изразиле загриженост поради можноста да бидат изложени на коронавирусот, пренесува Би-Би-Си.

Loading...

Тоа не го спречило парот да направи свадбата за која ќе се зборува.

Во авион лажел дека има Коронавирус поради популарност на интернет

Имено, пријателите и семејството биле во салата без младенците, кои организирале видео-врска од хотелската соба од која ги поздравувале гостите.

Младенците, одржале поздравни говори и наздравиле со гостите на далечина.

Инаку, на 24 јануари, парот отпатувал во провинцијата Хунан, која граничи со Хубеи, изворот на Коронавирусот, за да ја прослават Кинеската нова година во родниот град на невестата Канг Тинг.

Во Кина поради Коронавирусот милениците ги фрлаат низ прозорец

Тие се вратиле на 30 јануари, а свадбата била закажана за 2 февруари во хотел во Сингапур.

Loading...

Двојката веќе се венчала во Кина и била планирана друга церемонија за семејството и пријателите на младоженецот.

Во Азија не е невообичаено да се одржат две свадбени веселби, особено кога младоженецот и невестата се од различни земји.

Тие се богатат на сметка на заболените од Коронавирусот (ФОТО)

– Не бевме тажни, но малку разочарани – рече Јев, додавајќи дека нема друго решение затоа што хотелот не сакал да го смени датумот на прославата.

https://youtu.be/25E3EV7fXK0

Leave a Reply