Во авион лажел дека има Коронавирус поради популарност на интернет

Сподели со своите пријатели

Канаѓанец кој на летот на на компанијата „Вест Џет“ кон Јамајка лажел дека има коронавирус, што го натерало авионот да се врати во Торонто, вели дека само сакал да направи видео кое ќе стане популарно на интернет.

Loading...

Човекот кој ја предизвика паниката во авионот што леташе од Јамајка кон Торонто се вика Џејмс Поток и има 29 години. Тој вели дека е иден хип-хоп уметник и често лета.

Во Кина поради Коронавирусот милениците ги фрлаат низ прозорец

На канадските медиуми им признал дека неговата несакана шега не е најдобрата идеја и дека коронавирусот не е шега, па затоа им се извинил на сите патници и членови на екипажот.

Тој објаснува дека сакал да се пошегува наоколу и да сними видео кое би било вирално на социјалните медиуми.

Тие се богатат на сметка на заболените од Коронавирусот (ФОТО)

Вели дека не е прв пат да се прави такво нешто.

Сепак, тој тврди дека тој всушност не кажал дека има коронавирус. Тој објаснува дека ја извадил камерата, станал, ги прашал патниците за малку внимание и ги информирал дека неодамна бил во Кина и во моментот не се чувствува добро.

Loading...

Тој вели дека не ја испровоцирал реакцијата на луѓето каква што очекувал и дека одговорил потврдно на жената која го прашала дали се шегува.

Дали лилјаците се опасни за човештвото? Овој цицач е домаќин на коронавирусот и еболата!

Сепак, екипажот на авионот наскоро му дал маска и ракавици и го изолирал во задниот дел на авионот, а пилотот решил да го врати авионот во Торонто.

Поток вели дека се чувствувал виновен кога сфатил дека авионот се враќа заради него и дека ги расипал плановите на луѓето.

Коронавирусот дел од кинескиот хемиски арсенал? Теории на заговор за болеста која шири страв низ светот

По враќањето во Торонто, медицинскиот тим утврдил дека Поток нема симптоми на коронавирус.

Како резултат на тоа, тој бил уапсен и ќе се соочи со две обвиненија на 9 март.

Leave a Reply