Тие се богатат на сметка на заболените од Коронавирусот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ако го внесете терминот „коронавирус“ во вашиот пребарувач на Инстаграм, оваа социјална мрежа ќе ви даде нешто повеќе од 200,000 резултати.

Loading...

Има сè, од информации за вирус кој се шири низ целиот свет, до, претпоставувате, фотографии на инфлуенсери со употреба на хаштагот #коронавирус за да се зголеми бројот на следбеници.

https://kumanovskimuabeti.mk/koronavirusot-del-od-kineskiot-hemiski-arsenal-teorii-na-zagovor-za-bolesta-koja-shiri-strav-niz-svetot/

Ова се фотографии што најчесто ги објавуваат инфлуенсерите за да ги покажат нивните одлични животи и патувања, но со маски на лицето.

Еден од нив е, според „Дејли меил“, е германскиот инфлуенсер Фитнес Оскар, кој објавил типична фотографија на Инстаграм како се бакнува со својата девојка, каде и двајцата носат маски.

– Се молиме епидемијата да заврши наскоро. Мојата девојка и јас сме во јавност бакнуваме исклучиво со маски. Не се плашам од вирусот, но носиме маски како 90% од луѓето во Тајланд, напиша Фитнес Оскар под објавувањето.

Озлогласениот јутубер Логан Пол исто така се приклучи на трендот, објавувајќи фотографија со девојки кои носат гас маски, со описот на „Е*и се коронавирус!“

https://www.instagram.com/p/B74wWR5JhDT/?utm_source=ig_embed

Логан Пол се најде на удар од светската јавност кога во 2018 година објави видео во кое се забавува со телото на маж кој извршил самоубиство во јапонска шума. Тогаш бројни клиенти му ја прекинаа соработката, а Логан за извесно време се повлече од сцената.

Малезиско-кинеската инфлуенсерка Џи Понг објави фотографија на која претставува аутфит со, секако, маска на лицето.

Loading...

„Не заборавајте да ја облечете маската и да се заштитите себеси“, напиша Понг, добивајќи повеќе од 32.000 лајкови.

Руската манекенка Соња Бучик објави фотографија од Јапонија, и додаде во описот дека не е во Кина.

„Мислам дека сите веќе знаат за кинескиот вирус… Не разбирам зошто многу луѓе мислат дека сум во Кина затоа што сум во Јапонија, во Осака“, напиша таа.

View this post on Instagram

КОРОНАВИРУС В ЯПОНИИ Я думаю, уже все знают и о китайском вирусе, и про город Ухань, который является эпицентром инфекции, и ещё многое другое от наших СМИ. Я не понимаю, почему многие думают, что я нахожусь в Китае, ведь я в Японии, в Осаке! Здесь заражённых практически нет, пару человек в Токио, как и по всему миру. Поэтому со мной всё хорошо, я ношу маску, мою руки. А про ситуацию в целом хочу сказать, что всё очень сильно преувеличено. Ни в каких посылках из Китая, ни в каких бананах вируса нет. И не может быть. Число жертв коронавируса везде разное, поэтому верьте только проверенным источникам(минздравы и их оф. медийные ресурсы + ВОЗ), а не сторисам из инстаграма. Peace and love ❤️ ✌? #коронавирус #коронавирускитай #вирус #вирусвкитае #ухань #коронавирус2020 #coronavirus #coronavirusoutbreak #coronavirus2020 #theparisguru #chinavirus

A post shared by Соня Бучик ? (@sonyabuchik) on

Подоцна објави стори во кое танцува со песната на Ариана Гранде со маска на лицето.

Бразилската модна аналитичарка Евелин Маркес сподели фотографија од Кина на која носи маска.

– Поминуваме сè повеќе и повеќе време во куќата, што воопшто не е лошо. Барем имаме време да ги прочитаме сите книги и да гледаме сите филмови номинирани за Оскар, како и да направиме повеќе јога и да поминуваме време со кучињата, напиша таа.

Видеографот Стивен Дивиш ставил црна маска за да одговара на неговата облека.

Вирусот се шири и во Европа

Loading...

Од вирусот во Кина досега починаа 230 луѓе, СЗО прогласи глобална епидемија, а вирусот се шири низ цела Европа. Пријавени се пет случаи во Германија и два во Италија.

Инфекцијата е потврдена и во Австралија, Камбоџа, Канада, Франција, Индија, Јапонија, Малезија, Непал, Шри Ланка, Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати, САД и Виетнам.

Кинеската влада го стави во карантин градот Вухан за да го запре ширењето на вирусот.

Бројни странски влади, вклучително и САД, ги советуваа своите граѓани да не патуваат во Кина и почнаа да ги евакуираат своите граѓани од градот каде започна епидемијата.


Leave a Reply