Полските Леопард ќе пристигнат во Украина за неколку недели

Сподели со своите пријатели

Полска ќе и испорача 14 напредни тенкови Леопард 2 на Украина во следните две до три недели, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Цитирајќи го полскиот шеф на дипломатијата, Си-Ен-Ен наведува дека испораката на тенковите ќе се совпадне со завршувањето на обуката на украинските војници за употреба на Леопард во Полска.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина, додаде дека Варшава поддржува испраќање борбени авиони во Киев, но истакнува дека за таков потег е потребен консензус меѓу членките на НАТО.

„Исто како што беше случајот со тенковите, се надеваме дека оваа коалиција ќе биде доволно голема за да ги поддржи Украинците што е можно повеќе. Авионите се исклучително корисни во украинската војна“, рече Јасина, а потоа додаде:

„Но, ние сме членка на НАТО и сакаме да постигнеме договор во сите такви одлуки за да учествуваме заедно. Алијансата е посилна кога сме заедно“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.