Полска: Сите докази укажуваат дека ракетата е истрелана од Украина

Сподели со своите пријатели

Сите докази што ги собраа НАТО, САД и Полска укажуваат на фактот дека проектилот што падна и уби две лица во Полска е истрелан од украинските сили, изјави денеска полски претставник.

Loading...

Доказите „покажуваат дека се работи за ракета од типот С-300 истрелана од украинските сили за воздушна одбрана“, рече Јацек Севера, шеф на полското биро за национална безбедност, во интервју за полската радио станица RMF FM.

Двајца фармери загинаа во вторникот вечерта кога ракета падна во близина на полското село Пржеводов, кое се наоѓа на околу 6,4 километри западно од украинската граница.

„Зеленски ја претставува земјата во војна“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира на тоа дека ракетата не е украинска, додавајќи дека на украинските експерти мора да им се овозможи пристап до местото на експлозијата, како и до сите информации што им се достапни на сојузниците.

На прашањето зошто Зеленски негира дека станува збор за украинска ракета, Севера рече:

„Претседателот Зеленски претставува земја која е во војна и војна во која интензивно се користат воздушни напади. Во такви услови, нормално е одредени хипотези да изгледаат очигледни од перспектива на одбраната на државата, вклучително и на првиот човек на таа држава“, додаде тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.