Половина час се чека за излез на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на викендот, денеска се забележува метеж од автомобили на граничните премини, а по половина час се чека за излез преку Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат во својот извештај од 12:30 часот од Автомото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

Состојбата на ГП Табановце во 13:30 часот

 

– На граничниот премин Табановце за излез од државата има чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Никола Ивановски