Полициски час од 22 часот е предлогот на Комисијата за заразни болести

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести денеска ќе препорача до Владата враќање на полицискиот час во одредени општини.

Loading...

Како што јавуваат националните медиуми, предлогот е полицискиот час да започне во 22 часот, а да трае до 5 часот наутро, но само во Куманово, Скопје, Штип и Тетово.

Токму овие општини имале најголем број активни случаи, а викендов беа и под ограничено движење од 80 часа.

Целта на оваа мерка е да се ограничи движењето пред се на младите кои се активни во вечерните часови.

За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции.

Никола Ивановски

Leave a Reply