Полицијата терети компанија и двајца кумановци за давење на 4-годишното девојче во Проевце

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(47) и З.А.(37) од Куманово, двајцата управители на Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги ПРЕМИУМ МИНЕРАЛИ ДТ ДОО увоз-извоз Куманово за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност” во врска со кривично дело ,,тешки дела против општата сигурност”, додека правното лице е пријавено за ,,предизвикување општа опасност”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените на 24.11.2012 година со Министерство за финансии, склучиле Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина- термоминерална вода на локалитет с.Проевце-Општина Куманово, со што постапиле спротивно на член 6 од претходно наведениот договор-односно не превзеле никакви мерки за обезбедување на објектот, заради што на 31.07.2016 година во базенот се удавило четиригодишно девојче од Куманово.