Полицијата спречи шверц на 17 мигранти во Куманово, дел од нив малолетни

Сподели со своите пријатели

На автопатот Куманово – село Табановце, кај селото Костурник, полициски службеници вчера околу 04:45 часот дале знак за запирање на патничко возило „фиат дукато“ со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало и се вратило назад кон Куманово.

Loading...

По кратко време, како што информираат од Министерството за внатрешни работи возилото запрело, а при негов преглед биле пронајдени 17 мигранти од Бангалдеш, од кои осум биле малолетници.

Тие биле привремено сместени во Транзитниот центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply