Полицијата растури веселба со жива музика во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во угостителски објект во Куманово полицијата затекнала гости, но и музика во живо. Веселбата е прекината, а се најавуваат и соодветни пријави.

Loading...

– На 07.03.2021 во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на бул.„Октомвриска револуција“ има граѓани кои не ги почитуваат здравствените  прописи за време на епидемија. Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на Н.Р.(58) од Куманово и констатирале дека во објектот имало „жива музика“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во објектот  биле затекнати четири лица – гости, еден вработен и тројца музичари, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, со што биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply