Полицијата пронашла прашкаста материја кај кумановка

Сподели со своите пријатели

Полицијата пронашла прашкаста материја кај триесет и едногодишна кумановка, по што истата била приведена.

Loading...

– На 16.01.2024 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.Н.(31) од Куманово затоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, А.Н. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски