Полицијата бркала див возач, кога го сопреле останале шокирани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога полицијата на Dodge го запрела автомобилот Dodge на автопатот поради бавно возење, полицијата од американската сојузна држава Јута помислила дека на возачот му се слошило. Но, она што воопшто не го очекувале е дека зад воланот ќе најдат петгодишно дете.

Loading...

Имено, автомобилот се движел со брзина од 50 километри на час каде сите возеле најмалку три пати побрзо. Полицијата веднаш се посомневала во нешто, па го запрела возилото.

Кога му се приближиле на возачот, имале што да видат… Зад воланот било петгодишно момче по име Адријан, кое ги украло клучевите од автомобилот на своите родители и одлучило да замине во Калифорнија да купи Ламборџини, јавуваат американските медиуми.

Момчето било запрено на 3,2 километри од неговата куќа, а возилото го однело додека го чувала постарата сестра бидејќи неговите родители работеле.

 

 

Но, неговата сестра во меѓувреме заспала, а момчето ги нашло клучевите од семејната кола, му го земало паричникот и решило да замине во друга држава.

Loading...

За среќа не стигнал далеку бидејќи со трите долари што ги имал во паричникот не можел да купи ни играчка „ламборџини“, а среќа е што дошол толку далеку со оглед на годините.

Момчето во полиција изјавило дека се скарало со мајка му, која му рекла дека нема да му купи скап автомобил, па следниот ден решил сам да замине во Калифорнија да го купи. Неговите родители подоцна изјавиле за локалните медиуми дека момчето никогаш не возел автомобил и дека отсега ќе ги држи клучевите подалеку од него.