Полицаец спаси живот на бебе старо 12 дена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден американски полицаец стана ѕвезда на социјалните мрежи откако спаси девојче старо 12 дена.

Loading...

Камерата закачена на униформата на полицаецот од Јужна Каролина направила драматична снимка од спасувањето на животот на новороденчето.

Доцнењето некогаш може да спаси живот

На снимката објавена на официјалната Фејсбук страница на шерифот на округот Беркли, се гледа како полицаецот Вилијам Кимбро со брза реакција го спасува 12 дена старото девојче, Рајли.

Полицаецот, на 11 јуни годинава, бил во патрола во Самервил кога стопирал автомобил поради пребрзо возење.

Една од патничките од возилото, објаснила дека брзаат во болница затоа што девојчето престанало да дише по хранење од шише.

Вратата од автомобилот секогаш отварајте ги со десна рака, тоа може да спаси животи! (видео)

Полицаецот веднаш скокнал во акција за спасување и пружил прва помош за да бебето повторно дише.

Loading...

– Ајде бебе, плачи по мене, плачи по мене. Ајде отвори ги тие очи срце, рекол Кимбро.

Новороденчето потоа испуштило неколку крикови, што било знак дека дише.

Храбра мачка спаси живот на мало детенце (видео)

Кимбро добил „медал за спасување живот“.

Поради непоколебливост, професионален и херојски одговор на заменикот Кимбро, бебето преживеало, пишува во официјалната објава на шефиот од кругот Беркли.

https://www.facebook.com/BerkCoSheriff/videos/472584546914772/

фото: Facebook printscreen

Leave a Reply