ПОКРЕНАТА ПЕТИЦИЈА: „Да не дозволиме Безос да се врати на Земјата“

Сподели со своите пријатели

Милијардерот Џеф Безос ќе го исполни детскиот сон следниот месец – тој ќе патува во вселената.

Loading...

И судејќи според петицијата, која има илјадници потписи, некои сакаат таа да остане таму.

На интернет-платформата Change.org се појави интересна петиција – „Не дозволувајте Безос да се врати на Земјата“, а за неколку дена собра скоро 7.000 потписи.

 

 

„Милијардерите не треба да постојат. На Земјата или во вселената. Но, ако одлучат да одат во вселената, тие треба да останат таму”, се вели во описот на петицијата.

Основачот на американската технолошка компанија Амазон ќе замине во вселената со вселенското летало „Њу Шепард“, кое воедно е и првиот лет организиран од вселенската компанија „Блу Ориџин“, чиј сопственик е самиот Безос.

Loading...

Краток вселенски лет именуван по Алан Шепард, второто лице и првиот американски граѓанин што летал во вселената, е планиран за 20 јули, годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината.

 

 

Слободното место покрај Безос за ова патување беше продадено за 28 милиони долари на аукција што траеше само десет минути.

Победникот, чие име ќе биде објавено за само неколку недели, победи на натпреварот со дваесетина учесници на онлајн аукцијата.

Почетната цена за седиштето до основачот на Амазон, неговиот брат Марк и четвртиот патник беше 4,8 милиони долари.

Leave a Reply