Поголем број од починатите лани во Куманово биле мажи

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1.057 лица починале на подрачјето на Општина Куманово во текот на изминатата година, од нив 592 се од машки, а 465 од женски пол, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Од вкупниот број смртни случаи, три биле доенчиња, од кои две машки и едно девојче.

1.045 од починатите биле лекувани пред смртта, како и трите починати доенчиња. Во здравствена установа лани починале 302 лица.

Во руралната општина Старо Нагоричане исто така предничат мажите според морталитетот. Од вкупно 75 починати лица во оваа општина, 43 биле од машки, а 32 од женски пол.

Скоро сите, или 73 лица, биле лекувани пред смртта, а 16 од нив починале во здравствена установа.

Во Општина Липково, вкупната бројка на починати лани изнесува 144, од кои 79 мажи и 65 жени. Регистриран е и еден смртен случај кај доенче од женски пол. И Тука, скоро сите биле лекувани пред смртта, односно 141 лице. Педесет од нив починале во здравствена установа.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.6 % во однос на претходната година и изнесува 20 446 умрени лица. Поголем  број  се од машки пол и тоа 10 616 или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 112, a нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 0.5 % на 100 умрени лица.

Според  месецот на смртта, најголем број случаи има во месец  јануари (2 027).

Loading...

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 76.0 години кај лицата од женски пол или се бележи за 4.4 години повисока просечна возраст кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ 10 (шифра I00-I99), и тоа во 51.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои  како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.6 %, па со 4.6 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.4 % од вкупно умрените.

 Никола Ивановски

Leave a Reply