Погледнете ја кинеската воена вежба која леди крв во вените (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеските медиуми неодамна објавија видео од многу стресна воена вежба во која тешко товарно оклопно возило што тежи 40 тони чии гасеници минуваат опасно близу до нивните глави и минува над војниците кои лежат на земја.

Loading...

Видеото го објави Глобал Тајмс, повикувајќи се на кинеската државна телевизија CCTV како извор.

 

 

Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Поентата на воената вежба прикажана на тоа видео е да се добие довербата на кинеските војници во колегите возачи на оклопни возила со тоа што буквално ќе ги стават своите животи во нивни раце.

 

Loading...

 

На почетокот на видеото, кинески офицер ги прашува војниците дали имаат доверба во војникот до нив, и тие едногласно одговараат дека имаат.

После тоа, еден од војниците се качува во оклопното возило, додека другите заземаат позиција на земја, чекајќи нивниот колега да ги премине со оклопното возило.

 

 

Еден од кинеските војници во подоцнежната изјава рече дека тој е „навистина нервозен“, додека друг војник ја опиша вежбата како тест за способностите и карактерот на возачот, како и можност за зајакнување на самодовербата кај војниците.

Loading...

 

https://youtu.be/IkU-FZ2eLJ4

Leave a Reply