Поевтинуваат нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намауваат за половина, односно еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

За еден денар пониска ќе биде цената на „Еуросупер БС-58“ кој ќе се продава по цена од 70 денари за лтар.

Дизелот исто така се намалува за еден денар и ќе се продава по цена од 62 денари за литар.

За половина денар се намалува цената на „Еуросупер БС-95“ и новата цена ќе изнесува 68 денари за литар.

Половина денар пониска ќе биде и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава за 51,50 денари по литар.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Leave a Reply