Почна со работа модуларната Ковид болница во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна со работа модуларната ковид болница, објавија надлежните од Општата болница Куманово. Болницата ќе има капацитет од 33 легла, опремена е со целокупна опрема за болничко згрижување на пациенти. Веќе денеска е примен првиот пациент, соопштија надлежните од болницата.

Loading...

 

 

За потребите на ковид пациентите на инфективно, ангажирани се инфектолози и општи лекари.

– Во Ковид 2 и Ковид 3 ќе бидат ангажирани интернисти, невролози и општи лекари, соодветен здравствен персонал. Посакуваме да имаме што помал број пациенти и што поскоро да се избориме со вирусот-изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

 

Loading...

 

Модуларната ковид болница се наоѓа во непосредна близина на инфективното одделение.

Во Куманово, според последните податоци, објавени вчера, активни се 352 случаи, хоспитализирани и во дневната амбуланта се лекуваат 71 пациент.

 

 

Претходно, во кумановската болница, за време и по есенскиот бран, ковид заболените се лекуваа во три ковид центри, инфективно одделение, невролошкото како и одделението за уво, грло и нос. Воедно, беше адаптиран и посебниот објект за патологија кој беше наменет за дневна болница.

 

Loading...

Leave a Reply