Почна реконструкцијата на улицата „440“ во кумановската населба „Иго Тричковиќ“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкцијата на улицата „440“ во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Според информациите на надлежните ќе биде поставен бекатон на повеќе краци на таа улица.

Loading...

 

 

– Опфатени се над 550 метри квадратни повеќе краци на улицата во населбата. Се надеваме дека жителите ќе имаат соодветен пристап со главните улици, побезбедни улици за одвивање на сообраќајот-изјави, помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

 

 

Loading...

Инаку, тендерот за реконструкција на овие улици во населбите заврши во август лани. Според објавените податоци на електронскиот систем за јавни набавки за реконструкција на улицата „440“ во населбата, од општинскиот буџет одвоени се 1.240.148 денари. Градежните активности ги спроведува избраната фирма „Кооп Инженеринг“ Куманово.