Почна изградба на пешачка патека во стариот градски парк во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почна изградба на пешачка патека во стариот градски парк во Куманово, информираа денеска надлежните од општината.

Loading...

Патеката поминува покрај реката Липковка непосредно до паркот. Уредување на патеката е дел од втората фаза на уредување на овој парк за што од општинскиот буџет одвоени се скоро четири милиони денари.

На тендерот е избрана компанија од Скопје.

Претходно во февруари годинава, заврши првата фаза од проектот која опфати реконструкција на патеките, изградба на паркинг простор и игралиште за кошарка.

 

 

За првата фаза со одлука на Влада од буџетот на РСМ одвоени беа 11.226.061 денари за изградба на паркот. Проектот се имплементираше преку североисточен плански регион.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Паркот се простира на површина од 38 илјади квадратни метри.

Според податоците на ЈП „Чистота и Зеленило“ во паркот има над 370 дрвја претежно листопадни.

МИА