Починато лице пронајдено во стан во Куманово

Сподели со своите пријатели

Починато лице на 65-годишна возраст било пронајдено вчера попладне во стан во Куманово.

Loading...

Како што појаснуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, околу 13:25 часот тројца пожарникари на ТППЕ Куманово во присуство на полициски службеници влегле во станот лоциран на улицата „Тане Ѓорѓиевски“.

Интервенцијата била на барање на роднини на починатото лице.

Настанот го потврдуваат и од кумановската Итна помош, од каде велат дека лицето било родено 1958 година.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово го потврдија случајот и велат дека е утврдено оти станува збор за природна смрт и телото не е предадено на обдукција.

Никола Ивановски