По затворањето поради пандемијата, фризер шиша бесплатно во Централ парк, направил бизнис од тоа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Минатата година со пандемијата беа затворени многу градови, вклучително и Њујорк. И тогаш фризерот Херман Џејмс ги зел ножиците и станал- бесплатен фризер од Централ Парк.

Loading...

Една година подоцна овој фризер е сè уште зафатен и всушност е вистинска атракција.

Неговиот салон е столче во една ливада, во сенка под едно дрво во близина на Споменикот на полињата на јагодата посветен на Џон Ленон.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Herman James (@centralparkbarber)

 

Покрај него има табла на која пишува дека фризурата е бесплатна. И тоа е сè уште точно.

Loading...

Сè започнало во пролетта минатата година, кога биле затворени сите салони во Њујорк, вклучително и оној во кој работел Херман. Тогаш тој решил да им помогне на своите сограѓани и да им исече косата бесплатно на отворено. Тој се надевал дека на тој начин ќе го подигне расположението на своите сограѓани во тешки времиња и бил убеден дека ќе му изразат благодарност со донации.

Овој фризер сè уште не бара плаќање, туку клиенти кои сакаат да му дадат стандардна цена од 30 долари.

Најмалата донација била 1 долар, а највисоката 200 американски долари.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Herman James (@centralparkbarber)

 

Чуварите на паркот биле збунети, но му дозволиле да остане иако немал дозвола.

Loading...

На врвот на карантинот имал 20 до 25 фризури на ден. Денес ги има од 10 до 15, иако салоните се отворени.

Иако во меѓувреме фризерските салони се отворени, Џејмс нема намера да се врати во оној во кој претходно работел.

Leave a Reply