По утринската магла, сончево до умерено облачно

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и утринава времето беше малку до умерено облачно со магла по котлините. Во 7 часот магла има во Тетово, Скопје, Куманово, Штип, Д. Капија, а магливо е и во Струмица.

Loading...

Претпладне ќе има магла по котлините, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено на истокот.

Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер кој во западните делови краткотрајно ќе засилува.

Кон крајот на денот во западните делови ќе има појава на краткотраен дожд, а на повисоките планини од снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.

Во Куманово и околината, по уринската магла, се очекува сончево до умерено облачно време со максимална температура до 9 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply