По Русија, Гутереш следната недела ќе ја посети Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш следната недела ќе ја посети Украина за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата во Москва со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија Обединетите нации.

Loading...

 

Сателитските снимки покажуваат нова масовна гробница во близина на Мариупол

 

Гутереш ќе се сретне со министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба во Украина и ќе биде примен од Владимир Зеленски во четврток, 28 април, соопштија ОН.

Претходно беше најавено дека Гутереш во вторник ќе отпатува за Москва на средба со Путин.

 

Пентагон: Украина сега има повеќе тенкови на бојното поле од Русија

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Ова ќе биде нивна прва средба од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.